Вести Македонија Топ вести

Вода со мермерна прашина пијат жителите околу прилепските рудници

 Експлоатацијата на мермер ја загадува водата од  изворот Леково , кој е еден од четирите извори од каде со вода за пиење се снабдува Прилеп.  Оваа појава добива загрижувачки размери, па стотина сопствениците на околните куќи и викендички предупредуваат  на еколошка катастрофа.

-Внатре во изворот има бело мермерно брашно, таложено долу. Таа вода не е употреблива за пиење, ниту како техничка вода, Зоран Тодоровски, жител

 

Вода плаќаме не знам за што плаќаме. А ко не платиме сметка, одма на извршител.  Водата што ја плаќам треба да биде чиста и исправна, Горан Тасевски, жител

Од  прилепски Водовод потврдуваат  дека  со  експлоатација на мермер се загадува водата од Лековскиот извор. Таа вода заедно со уште три извори се собира, се преработува и влегува во градскиот водовод. Иако постојано се прочистува, изворот повтороно се загдува, па велат дека  решение е да се запре експлоатацијата на мермер во непсоредна близина.

Експлоатацијата е почната од 2013 или 2014 а концесијата е издадена  од Министерството за економија. Откако сум јас директор три пати се имам обратено до Министерствата  за економија и за животна средина да ја преиспитаат одлуката, бидејќи дефинитивно со загадува водата и се загрозува здравјето и живото на луѓето. Досега  од овие Министерства  нема реакција, вели Емил Јанески, директор на ЈКП Водовов и канализација-Прилеп

И жителите  апелираат надлежните  времено да ја   запрат  експлоатацијата на мермер и да се испита   дали има пропусти во работата на некој од    рудниците и како мермерното брашно завршува во еден од изворите од  каде Прилеп се снабдува со вода за пиење.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Стотици илјади луѓе учествуваа во Парадата на Гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе