Вести Македонија Најважни

Вчера вакцинирани над 12 илјади граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, соопштија од Министерството за здравство. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а во моментов пријавени преку веб платформата vakcinacija.mk се над 256.346 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 84.312 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.135 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.606 граѓани. Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 104.962 граѓани, а две дози примиле 20.650 граѓани. Со последните бројки 28% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата ќе стимулира млади брачни парови да се станат градинари и фармери, но земјоделците не гледаат перспектива во аграрот

Дејан Дејан

Американската амбасада ги предупреди своите државјани да избегнуваат подрачја во Белград

Дејан Дејан

Возилата на градскиот превоз во Белград не сообраќаат поради протестот на студентите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе