На волонтерите на охридскиот Црвен крст утрово на почетокот на масовната имунизација не им бил дозволен пристап до вакциналниот пункт во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, иако биле повикани од директорот на Здравствениот дом. Тие морале да го напуштат пунктот, по што со соопштение органзиацијата информираше дека нивините волентери биле грубо избркани од Сашо Денесовски, кој се претставува како координатор на масовната имунизација во Охрид. Денесовски во изјава за Телма вели дека волонтерите не биле избркани, туку им било кажано дека 14- годишно дете не може да волонтира на вакциналниот пункт и тврди дека екипите на Црвен крст воопшто не се појавиле на спроведените обуки. Од охридскиот Црвениот крст пат тврдат дека утрово на вакционалниот пункт испратиле полнолетни и искусни волонтери.
Волонтери од охридски Црвен Крст грубо избркани од пунктот за вакцинација
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
