Македонија Топ вести

Штип подготвен за вакцинација во салата “Јордан Мијалков”

Пристигнаа 5.000 кинески вакцини на Синофарм во штипската сала „Јордан Мијалков“. Сместени се во фрижидерите,а утре од 8 часот ќе биде отворена салата во која има 22 вакцинални пунктови.

Овде против Ковид-19 ќе се имунизираат граѓаните од општините од штипскиот и струмичкиот регион. Матичните лекари во текот на денов на пациентите кои имаат интерес за имунизација ќе почнат  да им закажуваат термини.

Над 80 отсто од здравствениот персонал на овој вакцинален пункт се од штипскиот Здравствен дом и Клиничка болница, останатите 20 ќе ротираат од здравствени институции од двата региони.

За првите денови на помош ќе доаѓаат медицински кадар од Радовиш, Виница и Кочани.

Спуштена е возрасната граница за вакцинирање, минатата недела на пунктовите во здравствените домови се вакцинираа пациенти на 73 години. Пунктот во Штип се подготви за само пет дена, а за негово опремување беше задолжена Општина Штип, која по пат на донации од 30 тина штипски компании ги обезбедија сите технички услови.

Граѓаните кои ќе доаѓаат од општините од источниот и југоисточниот регион до салата „Јордан Мијалков“ во населбата Сењак ќе пристигнуваат без проблеми, на булеварот „Гоце Делчев“ поставени се патокази, а пред пунктот се обележани и паркинг места.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даниела Димовска едногласно избрана за претседателка на Кривичниот суд

Tea Dimkovska

Google Street View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата – опфатени 13.000 километри

Sasko Dimovski

Николоски и директорoт на ЈП Железници на тест возење на реконструирана пруга за товарен железнички сообраќај

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе