Голем пожар беснее над Галичник. Гори борова шума, на само 200 метри од хотелот Неда. Во опасност се и околните куќи. Посетителите масовно се повлекуваат од Галичник, локалните жители се евакуирани, бидејќи огнената стихија забрзано се шири поради силниот ветер, кој го приземи и армискиот хелокоптер. Се` уште не се знае причината за пожарот, ниту пак точно колкава површина е зафатена, бидејќи теренот е тешко пристапен.
Последните информации, што се и официјално потврдени во ЦУК, е дека армискиот хеликотер со опрема за гаснење пожар, е веќе таму, во близина на Галичник. Стигнал во најбрзо што можел, но не можел да дејствува, заради многу силниот и променлив планински ветер. Хеликоптерот (во мемент на оваа информација) е приземјен на најблиско можно место до Галичник и екипажот е подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, а секако и се дури има и дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар.
Инаку, информацијата за пожарот над с. Галичник, во ЦУК е добиена денеска околу 13.30 часот. Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума. Во координација со ЦУК се регионалните центри за управување со кризи РЦУК Охрид, РЦУК Дебар, РЦУК Гостивар и РЦУК Тетово, коишто на локално ниво координирано ги известуваат одговорните институции и претпријатија за гаснење пожари. Општина Маврово-Ростуше испратила, според правилата, официјално барање на време за хеликоптерска помош за гаснење пожар на непристапен терен.