Вести Локални избори 2025 Македонија Топ вести

(Видео) Филипче: Нема да поднесам оставка, ВМРО-ДПМНЕ за година и пол загуби 130.000 гласови што делумно е наша заслуга

Покрај победата во првиот круг во три општини, победивме во уште три во вториот круг, тоа се Центар, Македонска Каменица и Зрновци. Досега шест градоначалници и очекуваме резултати од уште неколку општини во кои резултатот е тесен, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција вечерва.

„Мора да информирам дека во изминатите две недели, во очи на вториот круг на изборите, се вршеше огромен притисок на сите кандидати на СДСМ во овие 17 општини во кои влеговме во вториот круг. Не се бираа ниту средства, ниту методи и тоа само говори дека се соочуваме со истата деструктивна власт на ВМРО-ДПМНЕ како во минатото каде што практично ги злоупотребува сите институции кои што им се под контрола“, рече Филипче, кој патем им ја честита победата на сите градоначалници од сите политички партии на локалните избори.

Според изборниот резултат на советничките листи, СДСМ е втора партија во земјата и прва во опозицискиот блок. Тој порача дека нема да поднесе оставка.

„Не, јас кажав и минатиот пат, јас сум претседател многу краток временски период, година и неколку месеци. Сметам дека тоа што се направи во партијата во изминатиот период, после таков, навистина, катастрофален пораз лани, беше една консолидација. Меѓутоа, секако дека овие избори се дополнителен показател од кој што ќе влечеме пораки и поуки за иднина, затоа пто процесот продолжува силно да се бориме против оваа власт. Сметам дека тоа што успеавме во изминатиот период да ги разобличиме лажните политики на власта која што изгуби, еве веќе 130.000 – 140.000 гласови за само година и пол е делумно и наша заслуга“, одговори Филипче.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Трамп гледа голема шанса нешто да се случи во разговорите со Иран, но Техеран тврди дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници

Дејан Дејан

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода – Во нормална држава тие би биле прашани од првиот ден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе