Очекуваме одличен изборен резултат, во првиот круг граѓаните го направија вистинскиот избор, а сега во вториот очекуваме разликата да се зголеми во наш прилог, порача Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, по затворање на гласачките места.
„Очекуваме голема победа. Знаеме дека граѓаните очекуваат резултати, решенија и нова енергија. Ние таа доверба нема да ја изневериме. Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство и демократска свест. Денеска нашата држава помина низ мирни, фер и демократски избори“, рече меѓудругото Манасиевски.
С.Д.
