Голем пожар над Галичник. Зафатена е борова шума, а огнената стихија се шири поради силниот ветер. Пожарот почнал на 200 метри од хотелот Неда, се уште не се знае причината, ниту колкава површина е зафатена бидејќи огнот брзо се шири. Посетителите веќе се повлекуваат од Галичник. Од ЦУК велат дека информацијата ја добиле околу 13.30 часот, но заради непристапноста на теренот ја известиле и Армијата, којашто ќе дејствува со еден хеликоптер со ведро за гаснење за пожарот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.