Вести Локални избори 2025 Македонија Најважни

Четирите клучни прашања за вториот изборен круг- Отворена програма на Телма

Во вториот круг се избираат градоначалници во 32 општини и град Скопје.66-мина кандидати од кои само три жени се во борба за градоначалнички мандат.

Тимот на Телма разработи четири клучни прашања на кои очекуваме јасни одговори во текот на изборната вечер.

  • Откако ВМРО- ДПМНЕ победи или водеше во 53 општини во првиот круг (33 победи во првиот круг), сега битка води за 18 општини против 5 различни партии или независни кандидати. Дали и за колку владејчката партија ќе го подобри својот резултат од пред четири години, кога освои 42-ца градоначалници?
  • Следствено на тоа, дали СДСМ ги сведе овие избори на половина од успехот од 2021 година кога освоија 16 градоначалници ?
  • Како ќе се факторизираат Левица, независните кандидати и ЗНАМ ?
  • И последно, четврто , но не и најмалку важно, туку можеби најважно: каков ќе биде распоредот на силите во албанскиот политички блок, каде кампањата се постави како прашање на „да се биде или не“ , помеѓу владејачкиот блок на ВРЕДИ и опозицискиот блок предводен од ДУИ , а ВМРО- ДПМНЕ им се вмеша во средина ?

ВМРО-ДПМНЕ против СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе си ги одмерат силите во 14 општини. Останатите оштини низ државата каде во трката се ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ се Валандово, Виница, Демир Капија, Конче, Крушево, како и Лозово, Македонска Каменица, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман и Чешиново Облешево.  Главната пресметка е во скопксите општини.

За општина Аеродром, откако ВМРО-ДПМНЕ со Дејан Митевски не успеа да го победи во првиот круг против кандидатот од СДСМ, Александар Трајновски сега двајцата се во трка без цензус.

Двајцата кандидати на ЗНАМ

Главната битка за владејачкиот блок не ја бијат само кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, туку двајца кандидати на ЗНАМ. Првичните проекции делумно се исполнија. Присуството на независните кандидати придонесоа во општина Центар да се одвива втор круг, но спротивно на очекувањата во Куманово, СДСМ испадна од игра, на сметка на непартиски кандидат.

Па, сега во трка за  Центар се Горан Герасимовски од СДСМ, и Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ, кој настапува со контигентот гласови на ВМРО-ДПМНЕ. Успеаја ли двата табори да мотивираат неопределени гласачи за овие две недели?

Битка за главниот град со нов ривал

Во однос на останатите партии и учесници на изборите, проекциите не индицираат можност за освојување градоначалник, сепак Левица ги надмина очекувањата во првиот круг. Неколку дебати, патронажа од лидерите на партиите. За прв човек на град Скопје во првиот круг водеше Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ наспроти Амар Мециновиќ од Левица. Додека првиот ја чека поддршката од коалиционите партнери, помладиот ги повика неопределените гласачи.

Но, најнеизвесно е во скопски Карпош. Сотир Лукровски од ВМРО- ДПМНЕ во обид да го запре Стевчо Јакимовски во неговиот петти обид за градоналчник.

ВРЕДИ против ДУИ

И конечно – битката на вечерта НАИ/ ДУИ – ВРЕДИ се прелеа и кон ВМРО-ДПМНЕ. Дали коалиционите ветувања ќе бидат доволни за победа во Тетово, Кичево, Струга и Брвеница. Во општините Кичево и Брвеница има големо и сериозно зголемување на процентот на излезени гласачи во однос на првиот круг.

Апропо демографијата, ако во Тетово, ДУИ/НАИ со Бајрам Реџепи бара победа над актуелниот градоначалник Биљал Касами, тоа неминовно мора да биде со поддршка на помалата етничка заедница во тој град.  Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ нескриено го поддржува својот коалициоен партнер.

Во политиката ништо не е бесплатно,а тоа се покажа по првиот круг за избор на градоначалник во Кичево. Таму, битка водат Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ (двојно повеќе гласови) и Фатмир Дехари дод ДУИ.  Дали Јовановски ќе ја добие поддршката од ВРЕДИ, а колку на ДУИ им се исплати мобилизацијата на гласачи од дијаспората.

Битка во владината коалиција

Дека има поместувања од првиот круг и во чија полза ќе биде, говори и излезноста. И тоа не било каде туку во Брвеница. Таму е интересно затоа што во директен судир се кандидатот на ВРЕДИ Хаќим Рамдани и Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Тука се очекува одговор- кого ќе подржи  коалицијата НАИ предводена од ДУИ.

Одговорите во Отворената програма на ТВ Телма која почна по затворањето на избирачките места.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе