Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а од нив 6 биле примени на Интерните и хируршки клиники, 13 во ГОБ 8 Септември, а 6 на Инфективната клиника. Во Козле нема нови примени болни, исто како ни во Институтот за физикална медицина, а два примени имало на Клиниката за Детски болести. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 176 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти. Во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти, на Клиниката за детски болести има 1 дете позитивно на ковид-19 вирусот и 2 мајки, на ГАК има 3 позитивни пациентки, а во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 18 болни.
Во однос на болниците во другите градови, најмногу ковид-пациенти има во Битола-87, во Охрид 75, па во Велес, Струмица и Куманово по 72. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 27 пациенти, Во ковид-центарот во Прилеп има 56, во ковид-центарот во Гостивар 23, а во Струга 15 болни. Во Кочани има 25, во Кичево 20, Кавадарци 30, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.