Од направени 2.276 тестирања во изминатите 24 часа се регистрирани 214 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 36 починати, како и 305 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Најголем број од новозаболените се во Скопје – 94, по што следат Куманово – 29, Тетово – 19, Прилеп и Виница – по 7, Охрид – 6, Велес, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 5, Штип и Струмица – по 4, Битола, Кавадарци, Струга и Кичево – по 3, Гостивар, Радовиш и Богданци – по два, а Гевгелија, Ресен, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод по еден.
Регистрирани се 305 оздравени пациенти од Скопје – 105, Куманово – 39, Прилеп – 27, Велес – 19, Битола – 17, Тетово – 15, Кочани – 14, Охрид – 13, Кичево – 12, Штип – 9, Струмица – 6, Валандово – 5, Гостивар – 4, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 3, Кавадарци, Крушево и Пехчево – по 2, Берово, Виница, Демир Хисар, Кратово и Дојран – по 1.
Единаесет од починатите се од Скопје ( 63г, 65г, 65г, 68г, 70г, 71г, 72г, 75г, 76г, 79г и 86г ), пет од Битола (52г, 60г, 66г, 68г и 70г ), три од Куманово (68г, 79г и 84г) по две лица од Тетово (76г и 82г), Велес (58г и 71г), Гостивар (73г и 74г), Кавадарци (70г и 75г), Струмица (64г и 78г) и Гевгелија (60г и 68г), и по едно починато лице од Прилеп (88г), Охрид (87г), Струга (46г), Кочани (82г) и Кичево (68г). Три пациенти се починати во домашни услови, а другите 33 во болнички услови. Пријавени се 14 пациенти кои се починати во период од 1 до 17 април, стои во соопштението од Министерството за здравство.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 67.404, активни 6.635
Куманово 8.556, активни 1.077
Прилеп 8.179, активни 658
Тетово 7.114, активни 551
Битола 6.151, активни 928
Велес 5.407, активни 511
Гостивар 5.119, активни 350
Кавадарци 5.112, активни 362
Штип 4.894, активни 364
Охрид 4.913, активни 456
Струмица 4.011, активни 485
Струга 2.943, активни 159
Кочани 2.726, активни 229
Кичево 2.474, активни 257
Гевгелија 2.177, активни 230
Неготино 2.158, активни 184
Свети Николе 1.493, активни 118
Крива Паланка 1.208, активни 60
Ресен 1.210, активни 193
Радовиш 1.090, активни 101
Берово 1.015, активни 50
Делчево 952, активни 84
Дебар 930, активни 36
Виница 824, активни 130
Пробиштип 773, активни 33
Валандово 660, активни 59
Богданци 491, активни 63
Крушево 481, активни 99
Демир Капија 394, активни 24
Демир Хисар 388, активни 67
Кратово 353, активни 9
Македонски Брод 355, активни 18
Пехчево 262, активни 18
Македонска Каменица 232, активни 15
Дојран 132, активни 7
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.581, на оздравени пациенти е 133.070, на починати е 4.891, а бројот на активни случаи изнесува 14.620.
Направени се 2.276 тестови преку: ИЈЗ-262, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ 8-ми Септември – 9, Институт за микробиологија – 73, МАНУ – 64, Жан Митрев (Филип Втори) – 93, Авицена -132, Биотек – 595, Систина – 89, лабораторија Лаор – 467, Синлаб – 43, Ремедика – 28, Плодност – 44, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 343. Досега во земјата се направени вкупно 723.722 тестирања на Ковид-19.