Ковид19 Македонија Топ вести

28 закони се блокирани во Собрание 

2.029 амандмани на Законот за нов клинички центар, 1.314 на Законот за лична карта, 999 на Законот за игри на среќа. Ова се само дел од 28-те закони чие носење е блокирано во законодавниот дом поради поднесените амандмани. Опозицијата бара дијалог, власта обвинува за неконструктивност. 5-ти мај ќе биде ден за гласање на законите за кои е завршена дебатата но поради немање мнозинство не беа донесени.

Партиите се надеваат дека нема да се повтори неодамнешната слика кога во скафандери на гласање беа носени пратеници болни од Ковид. По ова ќе следуваат преговори за деблокада на останатите закони. ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од три и ќе ги употребат сите деловнички можности тие да не се донесат.

СДСМ апелира на разум.

18 закони се блокирани од пратеничката група Алијанса на Албанците-Алтернатива.Амандманите ќе ги повлечат само доколку со Владата се постигне договор за Законот за државјанство.

Нова седница ќе се одржи дури на 18 мај. ВМРО-ДПМНЕ бара во меѓувреме да се одржи и посебна седница на која ќе се гласа новиот пакет антикризни мерки.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Размена на обвинувања меѓу Груевска-Маџоска и министерот Љутков по нејзината оставка – Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Дејан Дејан

„Нека се живи и здрави, не им се лутам“- Стевче Јакимоски за судиите кои му потврдија 1 година затвор, а тој смета дека власта сака да спречи да се кандидира за градоначалник

Дејан Дејан

Помина една година, а конфекциите Фермактекст и Европа Фешн не им исплаќаат платите и придонесите на работниците- пријавено е и во МВР

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе