Македонија Топ вести

Вархеи во вторник ќе ги посети БиХ, Црна Гора и Македонија

Комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеи, следната недела ќе го посети Западен Балкан, за да го обележи доаѓањето на првите вакцини против COVID-19 од Европската унија за регионот.

Вкупно 651,000  дози на Фајзер –Бионтек ќе бидат испорачани во регионот од мај до август, а со кои треба да се забрза вакцинациијата воз емјите од Западниот Балкан, пред се на здравствените работници.

„Патувам за Западен Балкан за да пренесам јасна порака: Се грижиме! Ние се грижиме за нашите партнери и за нивните здравствени работници и за најранливите. Испораката на вакцините ја потврдува нашата постојана посветеност да обезбедиме поддршка, како што тоа го правиме уште од избувнувањето на пандемијата. Посилни заедно! “, порача Вархеи.

Вархеи в понеделник попладне ќе ја посети Србија, по што в вторник ќе следат Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, и Албанија и Косово в среда.

Вакцините од ЕУ се финансирани од пакет вреден 70 милиони евра, усвоен од Европската комисија во декември 2020 година, а со помош на Австрија дистрибуирани до партнер од Западен Балкан.

Тамара Грначароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓаните револтирани од хаосот во Центарот за вработување во Тетово – со часови чекаат да аплицираат за мерките за вработување

Дејан Дејан

Новиот Изборен законик заглави без консензус: Се бара политички договор додека опозицијата најавува блокади

Дејан Дејан

Се комплетира владината реконструкција – Мицкоски ќе ја објави по партискиот Извршен комитет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе