Светиниколските пожарникари секојдневно затрупани со интервенции на отворено, но и на експресниот пат Штип и Велес и автопатот Штип-Миладиновци. Со возилата стари речиси половина век гаснат заплаени цистерни, автобуси, камиони, но и извлекуваат и луѓе од автомобили при сообраќајни несреќи. 16 пожарникари се справуваат со огнените стихии на територија на Свети Николе и Лозово или во втората по големина житница во земјава Овче Поле, а граничат со шест општини.
Од дирекцијата за заштита и спасување постојано бараат нови противпожарни возила , но никогаш немаат добиено Општината, комуналното претпријатие и доброволното противпожарно друштво во кризни ситуации им позајмуваат теренски возила. Поради тоа што немаат статус на регионален притивпожарен дом немаат ниту финансии од државата, па за сите трошоци се грижи локалната власт. Работат и вежбат во зграда, која пред 40 години е градена без стандарди. Но, добра вест е што овој објект од темел ќе се урива, а по Велигден на негово место ќе се гради нов противпожарен дом.
Иако рокот за изградба е две години, сепак очекуваат за а шест месеци да се изгради противпожарниот дом, кој ќе има и тренинг центар. Донацијата од САД изнесува над 450.000 долари. Подновување со возила повторно ќе чекаат од донации, овојпат од Словенија и фондацијата Флоријан од Велика Британија.
Вокторија Јованова