Гевгелија со нетрпение очекува отворање на границите со соседна Грција. Локалната економија претпре сериозен удар од пандемијата, особено што многу мали бизниси беа врзани со грчки муштерии. Во последната година неколкукратно се зголеми и бројот на невработени, па општината вели дека е клучно да се отворат границите.
Сашо Поцков- градоначалник на о.Гевгелија
Поцков апелира да се почитуваат мерките и препораките за време на празниците, бидејќи конечно почна да опаѓа бројот на заболени со корона-вирус во градот.
Пандемијата со ковид-19 во Гевгелија силно ги погоди рестораните, трговските дуќани, но и стоматолошките ординации, кои најголем дел од својот промет го правеа од грчки посетители.
Сузана Мицева