Македонија Топ вести

И стечајот на Еуростандард се измеша со изборот на Павлина Црвенковска

Првиот официјален ден како нова претседателка на судскиот совет, на Павлина Црвенковска и помина со примање на директни удари и критики за политизираноста на изборот, како и за вмешаност во случајот со Еуростандард банка. Иако досега не била судија, Црвенковска беше избрана затоа што новиот закон дозволува избор на претседател само од членови кои не се судии. Законското решение е во постапка во Уставниот суд, а поранешниот претседател на Врховниот суд вели дека ваков начин на избор на поранешна стручна соработничка во суд без право на судиите е смешна работа и мора да се промени.

Но најтешкото обвинување за Црвенковска стигна од неисплатените штедачи на згаснатата Еуростандард. Обвинуваат дека фирмата Екопласт рисајклинг во сопственост на нејзиниот сопруг Зоран Црвенковски повеќе од две години не враќала рати од кредит на фирмата во висина од 1,6 милиони евра, а покрај тоа ќерката на Црвенковска била во кредитниот одел на Еуростандард. Штедачите обвинуваат дека Црвенковска сега ќе го штити сопругот во судските постапки иако станува збор за грабеж.

Доколку некој до денес имаше сеуште сомнеж дека КРИМИНАЛОТ во Еуростандард банка не е организиран и верифициран од највисоко можно ниво, после овој преседан со Судскиот совет, сомнеж повеќе нема и не може да има.

Во писмен одговор, Црвенковска ги негира обвинувањата на штедачите и тврди дека фирмата Екопласт зела кредит во 2014-та, но поради криза 4 години подоцна морала да ги отпушти 50-те вработени и да бара стратетшки партнер во што не успеала до затворањето на Еуростандард. За ќерката, Црвенковска пишува дека работела во кредитниот оддел дури по забраната за давање на кредити.

До сега, кога се одлучувало во врска со предмет поврзан со банката јас секогаш сум се изземала од гласање. Гарантирам дека и во иднина ќе постапувам идентично. На крајот, само ќе прашам, случајот со Еурстандар ќе наполни една година, зошто кредитот на мојот сопруг случајно се појавува во јавноста  деновите кога мене ме избираат за претседател на судот. Затоа сметам дека некои поединци и некои кругови очигледно им смета мојот избор, па наоѓаат секаков начин за дискредитација, вели цветковска.

Инаку Црвенковска е прв претседател на судски совет избран по нови правила оспорени како противуставни, а претходно била и дел од извршниот апарат. Таа вети дека ќе се залага за ефикасен судски систем со професионални судии, кои нема да се плашат и ќе одлучуваат според закон и сопствениот интегритет.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Фирмата на „Пулс“ била во радарот на УЈП – директорката отфрла одговорност во постапување на институцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе