Македонија Топ вести

Велики Четврток во храмовите со верници со маски, но без целосна дистанца и причестување од една лажичка

Во црквите и храмовите започнаа чествувањата за престојниот празник Великден. Во Соборниот храм на Велики Четврток, верниците дојдоа на литургија со маски и држеа дистанца. Но, растојанието меѓу нив се изгуби кога пристапија на причест. Верниците велат дека не се плашат од употребата на една лажичка за причест во услови на пандемија, зашто сметаат дека вербата во Господ ги спасува.На денешната литургија во Соборниот храм, свештениците беа без маски.

Верниците утрово во Соборниот храм присуствува на литургијата на Свети Васил Велики, која се богослужи на Велики Четврток. Додека траеше таа, во соборниот храм немаше турканици , зашто во него беше исполнет 30% од капацитетот. Верниците стоеја, се крстеа и се поклонуваа со меѓусебна дистанца, а најголомиот број од нив носеа по една, а некои и по две маски. Но, сите свештеници не носеа заштита. Според отец Горан, престојниот празник на Христовото воскресение- Великден, во црквите и храмовите ќе мине со почитување на здравствените протоколи против пандемијата.

  • Сметам дека Архиепископскиот соборен храм е доста простран и голем. Се одржува потребната дистанца . Вратите од секаде се отворени . Има голем проток на воздух – отец Горан Стојчевски.

Меѓу верниците Велики Четврток се смета за ден на Тајната вечера и празник на причеста.Светата црква ги повика верниците да се причестат. А, тие тоа го направија од една лажичка.

Верниците не се плашат од корона вирусот при причестувањето од една лажичка. Пристапувајќи на тој чин, тие го прекршија и меѓусебното растојание.

  • Не се плашам, веќе прележавме.
  • Сега и да се плашам , тоа што ми е пишано, мора да помине, нели?
  • Светот не може да го разбере духовното. Многу тешко го разбира.
  • Не се плажам од никого. Само се плашам од „ горниот“.А, треба да се чуваме и верата да ја чуваме, велат граѓаните.

И според отец Горан, нема опасност од причестување со една лажичка зашто вербата во Христос спасува, а не разболува.

  • Ние не се причестуваме со лажичката. Тоа и минатата година го спомнавме. Ние се причестуваме со телото и крвта Христови.Веруваме дека Христос е промислител за секој од нас. Веруваме дека е бог кој не љуби и не спасува, а никако не не заразува – отец Горан Стојчевски.

Љубов меѓу луѓето, здравје и поголем просперитет, се пораките на верниците во пресрет на Велигден.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

ИНЖЕНЕРИ: Владата озаконува паушални фактури за струја

Дејан Дејан

Укинат куќниот притвор за екс директорите на ДПИ, добија мерки на претпазливост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе