Македонија Најважни

Филипче: Ќе овозможиме вакцинирање против Ковид на над 10 000 граѓани дневно и ќе нема гужви

Министерот за здравство Венко Филипче најавува дека на  пунктовите за масовна вакцинација  што треба да профункционираат во уште шест градови од вторник следната недела дневно ќе се овозможи да се вакцинираат и над 10 000 граѓани и како што вели, воопшто да нема никакви гужви. Досега се вакцинирани вкупно 60 000 граѓани.

Одговарајќи на новинарско прашање за вчерашните реакции од граѓани дека чекале за вакцинација на вакцинални пунктови во Скопје Филипче денеска изјави дека станува збор за недоразбирање во термините, како и дека тоа е решено и нема да се случува во наредниот период.

-Во однос  на чекањето и гужвите мислам дека има сосема доволен  предвиден простор да не прават и да се чека на одредено растојание. Оваа слика и доколку е некаков ризик, засега не гледаме дека е ризик, може да се смени со пуштањето на пунктовите за масовна  вакцинација, спортските сали кои ќе профункционират од вторник. Веќе во понеделник  насекаде ќе бидат дистрибуирани согласно бројот  на пријавени граѓани кинеските вакцини и во Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола и Охрид ќе започне вакцинирањето. Мислам дека ќе биде систем којшто ќе овозможи и над 10.000 граѓани дневно да се вакцинираат и воопшто да нема никави гужви, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по настан за донација од Словачка за Клиниката за детски болести.

Министерот за здравство дополни дека досега вкупно се вакцинирани околу 60.000 граѓани, а во таа бројка се и постарите лица над 70 години и вработените  во критичната инфраструктура.

-Според нашите пресметки нешто под 20 проценти, околу  18 проценти  се вакцинирани лицата над 70 години од вкупната  бројка на граѓани над 70 години во земјава, рече Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фирмата на „Пулс“ била во радарот на УЈП – директорката отфрла одговорност во постапување на институцијата

Дејан Дејан

Независните со апел до Собранието за независните кандидати

Дејан Дејан

Од први јули забрана за движење во шумите 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе