Македонија Топ вести

Владата донесе одлука за признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица

На предлог на Министерството за правда, владата на вчерашната седница утврди Предлог-закон за изменување на Законот за матична евиденција со кој ќе се овозможи признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица согласно позитивното меѓународно законодавство и почитувањето на сите човекови права.

Измените на Законот за матичната евиденција беа најавени уште во 2019 година, односно, по донесувањето на пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во корист на трансродовите лица.

Анонимизираното трансродово лице Икс  ја тужеше Македонија поради повреда на правото на приватност и неефикасен правен лек во земјата.

Тужителот „Икс“ го променил полот од женски во машки, но не можел административно да ја впише промената поради непостоење на соодветна законска рамка. Судот посочи на отсуство на регулативна рамка во домашното законодавство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Државата во јуни позајми над 50 милиони евра од домашниот пазар

Дејан Дејан

Пелагониските сточари на протест, бараат исплата на субвенциите и повисоки откупни цени

Sasko Dimovski

Се пролонгира одењето во затвор за Стевче Јакимовски – судот ја „чешла“ неговата медицинска документација

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе