Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пауновски на фејсбук: Одбраната на интегритетот на институцијата не наиде на разбирање од Премиерот

/

Македонија

Сподели преку :

Сега веќе поранешниот директор на државниот пазарен инспекторат, кој денеска со одлука на владата беше разрешен од функцијата, преку објава на фејсбук им се заблагодари на сите граѓани кои, како што напиша, во неговиот “пркос” согледале искрени намери и желби за силна, стручна и независна Европска институција.

“Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институција со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот” – додава Пауновски.

Тој им се заблагодари и на сите вработени во ДПИ кои застанале рамо до рамо со него, додавајќи дека е горд на се што направиле заедно.

Jumbo 2