Вести Македонија Топ вести

27 април, четири години потоа-партиите и јавноста се уште поделени

27 април 2017 година. Крвавиот четврток. Денот кога падна Законодавниот дом, кога јавноста беше сведок на досега невидено насилие. Пратеници, новинари и сниматели беа нападнати и брутално претепани од насилниците маскирани во толпата граѓани која упадна во Собранието. Неколку часа беа држени како заложници, чекајќи ја задоцнетата полициска интервенција.

Денеска четири години подоцна повторно духовите се разбрануваа. Партиите копаат ровови за уште една пресметка, овој пат вербална, за тоа кој е виновен а кој е невин, кој е жртва а кој херој. Јавноста и граѓаните поларизирани и поделени.

Премиерот Заев смета дека тој ден осудените пред очите на јавноста се обиделе да ги ликвидираат  а поддршката на опозицијата е надвор од здравиот разум и соучесништво.

Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците, беше брутално претепан речиси до смрт. Тој денеска беше во затворот „Идризово“ во посета на полицаецот Абдулфета Алими, припадник на Собраниското обезбедување, за кој вели дека му го спаси животот а кој е осуден а седум години затвор. За Села тој е единствениот невин човек осуден за крвавите настани.

Опозициската ВМРО- ДПМНЕ, застана зад протестот, кој се одржа заврчера под мотото „Слобода за Уставобранителите“ на кој беше побарано нивно ослободување, укинување на пресудите и повторување на судскиот процес. Лидерот Христијан Мицкоски вели дека поддржува правда а не насилство, треба да се повтори процесот без прецизно да каже дали смета дека осудените се виновни или не.

Од друга страна пак иницијаторите на протестите по мотото „За Заедничка Македонија“, кои беа меѓу обвинетите а потоа дел од нив прифатија да бидат амнестирани, денеска отворено ги поддржаа барањата за слобода на осудените. Обвинуваат за монтиран политички процес.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД: Постигнат договор за забрзување на испораките на ретки метали од Кина

Дејан Дејан

Во понеделник второ електронско пријавување за упис во средно

Дејан Дејан

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе