Вести Македонија Топ вести

Масовна вакцинација од идниот вторник најави Филипче

Очекувањето на поголема количина вакцини од Кина, ги  зголеми и очекувањата на лицата  со ретки болести и оние со посебни потреби дека ќе се вакцинираат со масовната имунизација која се најавува од следната недела. Тие со месици бараат да бидат ставени на приоритетната листа за вакцинација против КОВИД-19. Според Националниот план во втората фаза од вакцинацијата се  и граѓани од 18 до 65 години со хронични болести и потешка здравствена состојба, но оваа популација не беше вклучена во досегашниот процес на имуназција.   Од Здруженијата на овие граѓани велат дека постојано притискаат и се надеваат дека кончено ќе дјдад на ред.  Кинеските вакцини најдоцна до 1 мај треба да пристигнат  во Македонија.

Кинеските вакцини на 28 април треба да тргнат од Пекинг кон Инстанбул, на 30 од Истанбул  кон  Белград и од тука најверојатно или на 30 вечерта или на 1 мај преку ден, со специјални камиони, ладен ланец ќе пристигнат тука во Скопје и ќе ги сместиме во ладната соба на поликлиниката “Јане Сандански“. Уште истиот или  следниот ден,  ќе се редистрибуираат до сите пунктови за масовна  вакцинација во државата за да веќе од вторник после празниците процесот  започне, изјви Филипче.

Во Битола, која во овој пролетен бран беше едно од најголемите жаришта на висрусот, се зголеми интересот  за вакцинација, па вакцина примиле 80 проценти од пријавените.   Битола ќе биде регионален центар за масовна вакцинација и  веќе се подготвува спортската сала во Средното медицинско училиште „Др Јован Калаузи“, а се комплетираат и медицинските тимови. Дневно е планирано да се имунизираат по 2000 граѓани.

-Од понеделник ќе се работи масовна имунизација  во регионалниот центар во Битола, со 28 пунктови, ќе работата 25 медициснки лица за вакцинација, односно вкупно ќе бидат ангажирани 100 лица, вели Весна Спирковска, директор на Здравствен дом Битола.

Досега вкупно во државата се вакцинирани околу 53 илјади граѓани, а околу 20 проценти не дошле на закажаниот термин.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД: Постигнат договор за забрзување на испораките на ретки метали од Кина

Дејан Дејан

Во понеделник второ електронско пријавување за упис во средно

Дејан Дејан

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе