Вести Македонија Топ вести

„За заедничка Македонија“: На 27-ми април 2027 немаше тероризам

Движењето  „За заедничка Македонија“ се приклучуваат од денеска и официјално кон барањата за укинување на пресудите на осудените за настаните од 27-ми април и повторен судски процес. Според нив на 27 април 2017 немало тероризам, а уставниот поредок бил загрозен на собраниските седници.

Во неделата се одржаа протести под мотото „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите“, организиран од дијаспората,  а поддржан од опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Бараа Укинување на пресудите, пуштање на слобода и повторен судски процес.

На 27 април пред 4  години се случи „крвавиот четврток“, кога лица со фантомки и маса луѓе насилно упаднаа во македонскиот парламент.

Учесници во протестите организирани од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои бараа отфрлување на т.н. „Тиранска платформа“ и одржување нови парламентарни избори, насилно упаднаа во македонскиот законодавен дом.

Упадот се случи во 19 часот кога маскирани лица беа пропуштени од собраниското обезбедување и упаднаа во салата за новинари. Настанот резултираше со агресија и дивеење на протестирачите, кои физички нападнаа повеќе пратеници и новинари. Со тешки телесни повреди се здобија Зоран Заев, Зијадин Села, како и Радмила Шекеринска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мај донесе пад за индустријата, производството намалено за 2 отсто

Дејан Дејан

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Професорка од универзитетот во Штип е уапсена за примање мито од 300 евра од студент

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе