Македонија

Антикорупциска поднесе иницијатива за кривично гонење за најавената изградба на висококатници кај „Холидеј Ин“

Антикорупциската комисија до Обвинителството за гонење организиран криминал испрати иницијатива за кривично гонење за случајот со најавената изградба на висококатниците спроти Холидеј Ин.

Иницијативата се однесува за поранешните градоначалници на општина Центар, службени лица од општината, министерството за транспорт и врски, град Скопје и овластени планери поради сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, кои со своето непостапување придонеле во 2012 година да се донесе ДУП, неусогласен со ГУП и со тоа да се реализира имотна корист кај сегашните сопственици на парцелата која е дел од ДУП Цо8, вели за Телма Билјана Ивановска од ДКСК.

Иако имињата не се споменати станува збор за поранешните градоначалници, Тодоровиќ и Жерновски и Министерството за транспорт и врски.

Ниту сум ја злоупотребил службената положба и овластување, ниту сум издал какво било одобрение за градба „Голем ринг“ и парцелата кај „Холидеј Ин“. Напротив, сум имал бројни средби со граѓаните на Ново Маало на кои сум им укажувал да не потпишуваат договори со никакви инвеститори, затоа што планот ќе се менува и да внимаваат, бидејќи нема да издавам никакви одобренија за градење на тој простор, вели за Телма, поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски.

Дополнително, антикорупционерите велат дека во наредниот период ќе постапуваат и по нови предмети што се однесуваат на ДУП Бунјаковец што го уредува просторот кај некогашната фабрука Треска, потоа кај ДУП за Расадник, ДУП  за општина Карпош и градска четвртт 303 како и ДУПОТ за локацијата кај Мајчин дом во Аеродром.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова судска драма за уставната судијка Кацарска: На Судскиот совет предводен од Дамева „му текна“ дека пред две години ја пензионирале како судијка

Дејан Дејан

Дваесет и двајца економски директори со мандат ги одбројуваат последните денови во фотелја – по законските измени, нема да можат да тужат

Desk

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе