Македонија Топ вести

„Бунтот“ во ДПИ утре со епилог-Заев вика бил известен трипати за нова систематизација, Пауновски вели „така му сервирале“

Само три часа пред утрешната владината седница на која ќе се одлучува и за директорската судбина на Стојко Пауновски ќе имаат средба со премиерот Заев, пазарните инспектори кои го подржуваат директорот кој што има тврд став дека не треба непотребен и некомпетентен кадар во инспекторатот од таканаречените рамковни вработени кои со години немаа работни места, а земаа плата. Премиерот не кажа директно, но потврдата за смената на Пауновски се насетуваше  во неговите одговори- цитираше законски членови кои биле прекршени од првиот пазарен инспектор, како и тоа дека само во април трипати му укажале на побунетиот директор дека треба да ја промени систематизацијата и да ги апсорбира 32-ца старо вработени, а оваа година распоредени. Сепак Заев остава можност и да го промени мислењето од инспекторите кои ги пофали за се што сработеа во корона пандемијата.

Но на прашање зошто Етичкиот кодекс се применува на Пауновски, а не беше применет на Драги Рашковски кој за своите дела и сомнежите сега е во притвор, премиерот имаше сопствено видување.

Директорот Пауновски телефонски ни изјави дека премиерот денеска изјавил она што му било сервирано, а за сите наводно доставени известувања до него, Пауновски вели дека може лесно да се провери во архивата на ДПИ дали се пратени и стигнати или пак како што вели за средување на проблемот имало телефонски повици од шефица во еден министерски кабинет.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Лукровски се врати во Карпош – значи прифати да одговара за Мицкоски?

Дејан Дејан

КОД: Дива сеча на шума во Јасен кај езерото Козјак

Дејан Дејан

Нема договор – СДСМ и Левица се противат на измените на изборниот законик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе