Култура

Во пандемијата да го промислуваме светот на танцот за иднина

По повод 29 април- Светскиот ден на танцот, Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт- УНЕСКО ги лиферува пораките кои традиционално ги пишуваат домашни и странски дејци, истакнати во областа на танцот ( класичен, современ, или фолклорен). Од името на домашната современа танцова сцена, пораката ја напиша Билјана Тануровскa- Ќулавковски од Локомотива- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Таа во пораката посакува пандемијата да биде искористена за промислување нови танцови светови за иднина и подобри услови за работа.

  • Би сакала во иднина да се сеќаваме на овие пандемиски денови, не само како моменти на криза, кои ни одзедоа средби со танцот, но и како моменти во кои го промислуваме „ светот на танцот“ во иднина, и посакуваме да сведочиме за: Посебен третман на танцот во полето на културните политики; Бројни и разновидни танцови продукции; Нови простори и институции за танцова уметност; Уште поголема поддршка на независните кореографи, танчери- изведувачи; Фонд за мобилност и регионална и меѓународна соработка , што ќе овозможи нашата танцова уметност да патува и да нѐ означува насекаде, вели Билјана Тануровска- Ќулавковски.

Автор на меѓународната порака за Светскиот ден на танцот е Фридеман Вогел, гермаската балетска легенда и првенец на Штудгарт Балетот. Во услови на пандемија, тој очекува одржување на танцовата сцена, доколку нејзините чинители паралелно работат и на физичките и на менталните капацитети.

  • Танчерите обично се слават поради  нивната физичка посебност, а всушност многу повеќе се одржуваме поради нашата ментална сила. Верувам дека станува збор за уникатна комбинација помеѓу физичката и психолошката агилност, која ќе ни помогне да ја надминеме кризата и повторно да се оствариме себе си, за да продолжиме да танцуваме , и да продолжиме да инспирираме, вели Вогел.

Во контекст на забраните за работа на изведувачките уметности поради пандемијата, во пораката Вогел прашува колку танцот му значи и му е потребен на целото глобално општество, денес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе