Познатиот босанско-херцеговски пејач на народна музика, Халид Бешлиќ почина во 72-та година од животот по кратка борба со тешката болест. Последниот концерт го одржа во Бања Лука на 15 август, кога почувствува тегоби и беше хоспитализиран во универзитетскиот Клинички центар во Сараево.
Неговата кариера траеше повеќе од четири децении. Зад себе остави бројни хитови кои добија статус на евергрини и се составен дел од секое собирање, како „Миљацка“, „Ја без тебе не могу да живим“, „Романија“…
Бешлиќ е роден на 20 ноември во 1953 година во село Кнежина во БиХ. Меѓу 1979 година и 1982 година објави осум синглови, како негови први музички изданија, во продукција на „Дискотон“. На естрадната сцена ширум поранешна Југославија почна да се пробива во 1984 година.
Низ 80-тите години од минатиот век објави осум албуми, со песни кои низ години станаа исклучително популарни. Во кариерата издаде 18 албуми и преку 200 композиции, а реализираше и бројни концерти низ Југославија и во државите кои настанаа по распадот на федерацијата. Со сопругата Сејда беше во брак од 1977 година со која го има синот Дино.
С.Д.
