Вести Македонија

Коцевски: Македонија е една од фискално најцентрализираните држави во Европа

Во ваква констелација на односите, кога над 60 отсто од вкупните приходи на општините се трансфери од централната власт, ние не можеме да зборуваме за автономност и независност на локалната самоуправа, вели Аце Коцевски, поранешен градоначалник на Општина Велес во три мандати, во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Затоа што најголемиот дел од парите доаѓаат од централната власт, а тоа е во спротивност и со членот 9 од европската Повелба за локална самоуправа на Советот на Европа која е ратификувана и од нашето Собрание и се смета како дел од нашето законодавство, каде што точно се наведени принципите по кои треба да се раководи нашата Република. Дека општините треба да имаат дискреционо право да одлучуваат како и за што ќе ги трошат парите. Токму затоа, Македонија е една од фискално најцентрализираните држави во Европа. Проблемите се многу големи“, смета Коцевски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе