Иако со протокол од Владата за настава во основните училишта дури и на родителите им е забрането да влегуваат во училиштето, министерката за образование Мила Царовска смета дека не го прекршила протоколот со тоа што во вторникот со придружба од неколку лица влезе и се сликаше во училница во учлилиште во скопска Гази Баба. Вели таа можела да влезе, но не посочи по кој протокол, бидејќи и правилниците на училиштето се ригорозни во поглед дури и на состаноците на наставнциите.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.