Ковид19 Македонија Топ вести

Ситуацијата со Ковид-19 во Прилеп подобрена, но процентот на преносливост и натаму е голем

Со рестриктивните мерки епидемиолошката слика во Прилеп се подобрува, но е далеку од стабилна, велат од прилепскиот Центар за јавно здравје. Во градот кој е едно од најголемите жаришта на коронавирусот во овој пролетен бран, се уште е висока неделната инциденца, како и процентот  на позитивни од вкупниот број тестирани.

Бројот на заболени во Општина Прилеп неделно изнесува 290 на 100 илјади жители, а како параметар што покажува каде се движи епидемијата тој број треба да е под 120, што значи дека се уште станува збор за широка трансмисија и распространетост на вирусот, вели Драгица Николоска, директор на Центарот за јавно здравје. 

Стручњаците уште еднаш предупредуваат на големата заразност на британскиот сој кој е доминантен, поради што претстојните празници се сериозен и голем предизвик. И натаму во Прилеп, покрај возрасната категорија над 60 години, посебно со хронични заболувања, голем е  бројот на заразени  млади луѓе.

Ќе очекуваме од Комисијата за заразни болести што ќе се случува за време на верските и мајските празници, затоа што пред нас е период кој што е голем епидемиолошки ризик. Биолошките карактеристики на британскиот сој, кој е многу заразен, се уште зборуваат дека е доминантен на нашата територија, а на удар на вирусот се помладите на возраст од 30 до 40 години, вели Николоска.

Во прилепската болница хоспитализирани се   98 пациенти, а 80 од нив со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка. Прилеп, е меѓу првите три градови во државата по бројот на заболени од почетокот на пандемијата, над 6000, а има највисок морталитет, односно од последици од коронавирусот починале 389 прилепчани.

Емилија Мисирлиевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Жељазков- Кошта: Бугарија нема да поставува нови услови за Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе