Вести Македонија Најважни

Дури 30 отсто од младите на возраст од 13 години пушат цигари

Македонија со погубна статистика, речиси секој втор жител консумира цигари. Дури 30 проценти од нив почнуваат пред 14 годишна возраст. Со 48,4 проценти пушачи, земјата е речиси трипати над просекот на Европската унија, ова го покажуваат податоците од истражувањето на Аналитика. Доколку ваквиот тренд продолжи, во следните четири децении пушењето може да предизвика 39 илјади смртни случаи.

„Она што е најфрапантно од анализите е дека веќе на 13 години децата почнуваат да пушат цигари. Штом на толку млади години започнуваат тогаш е многу веројатно дека и во текот на животот ќе останат активни пушачи на цигари“, изјави Тамара Мијовиќ Спасова, Аналитика тинк тенк.

Младите чии родители се пушачи или имаат пријатели кои користат цигари имаат поголеми шанси и тие самите да станат пушачи. Излез од ваквата состојба се гледа преку едукација смета министерката за образование и наука Јаневска.

„Во образованието кое всушност е најдобар начин за превенција и одбегнување на штетните материи, односно во основното образование во различни предмети се присутни теми за здравствена писменост. Новина е тоа што во седмо одделение оваа година е воведен изборен предмет во кој се учи за здравјето“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Речиси 82 проценти од пушачите во Македонија почнале со овој порок пред 25 годишна возраст. Познавачите се на ставот дека оваа статистика може да се намали со зголемување на цените на цигарите со што голем дел од младите би се откажале.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе