Вести Македонија Најважни

Одбраната на Васев бара обвинителот Коцевски да го преземе предметот за Онкологија

Новиот адвокатски тим на екс директорот на Kлиниката за oнкологија Нино Васев побара државниот обвинител Коцевски да ги преземе двата предмети за Онкологија од обвинителката Ана Гоговска Јакимовска или да го делегира предметот на друго обвинителство. Очекуваат Коцевски да ги реевалуира обвиненијата да се дополни истрага или да ги повлече обвиненијата.

Оценивме дека обвинителните акти што се предмет на овие две судски постапки за случајот „Онкологија“ се нестручно и непрофесионално направени и дека Обвинителството дозволило стручен советник да му го води предметот без правна контрола врз него. Доказите во предметот не докажуваат никаква вина, дека обвинетиот не ги сторил кривичните дела што му се ставаат на товар, дејствијата што му се ставаат на товар не се кривични дела“, изјави Боби Спирковски, адвокат на Нино Васев.

Една од забелешките на одбраната е тоа што обвинителството го ангажирало за технички советник д-р Милан Ристевски за кој Васев и претходно бараше да биде изземен затоа што бил негов претходник во директорската фотелја. За ова барање судиите досега не одлучиле.

Во другиот предмет има економско вештачење во кое 13 страни се мислење на техничкиот советник од медицински аспект. Што бара медицината во економско вештачење? Тоа е мешање. Такво мешање имаме секаде. Тој ја води целата работа. Обвинителството не смее да дозволи“, додава адвокатот Спирковски.

На потег да одлучи е државниот обвинител поради што се одложи денешното рочиште на кое требаше да сведочат роднини на починати пациенти на онкологија. Судењето продолжува на 8 ми октомври.

Во овој предмет покрај Васев обвинети се и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски за несовесно лекување. Докторката Мери Пешевска призна вина дека и биле злоупотребени факсимилот и лозинката и доби условна казна. Во другиот предмет кој се однесува на финансиското работење на клиниката, покрај Васев обвинет е и поранешниот организациски директор Нухи.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе