Вести Македонија

Продолжува судењето за „Онкологија 1“

Со сослушување и сведоштва на дел од оштетените денеска во Кривичен продолжува судењето за случајот „Онкологија 1“ во кој обвинети се поранешниот директор Нино Васев и лекари онколози од Клиниката за радиотерапија и онкологија, за несовесно лекување пациенти. Обвинетите Нино Васев, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски негираат вина, додека докторката Мери Пешевска призна и за нејзе на рочиште на 22 септемвре беше изречена условна пресуда.Според обвинението, кај најмалку 29 пациенти биле применети погрешни терапии без проценка на здравствената состојба.Судскиот процес го води судијката Снежана Марковска. На последното одржано рочиште за овој случај сведочеше Јулија Мациевска, мајка на починатата Адријана Начевска, која во своето сведочење пред судот ја опиша болната борба на нејзината ќерка по започнувањето на терапиите во 2020 година. Мациевска изјави дека нејзината ќерка добивала терапии без соодветни испитувања и следење, иако покажувала сериозни симптоми по имунотерапиите. Таа пред судот тврдеше дека нејзините предупредувања биле игнорирани, а здравствената состојба на Адријана драстично се влошила. Според сведоштвото, на Клиниката за гастроентерохепатологија ѝ било кажано дека нејзината ќерка има оштетен црн дроб и „вештачки метастази“ предизвикани од несоодветна терапија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе