Вести Македонија

Нови ветувања за старите проблеми во Чаир

Од антикорупциска агенда, до најгорливите комунални општински проблеми. Кандидатите за Чаир со нови ветувања во обид да ја придобијат поддршката од чаирчани, на вториот ден од предизборната кампања. Граѓаните, пак, со свои очекувања – сѐ уште зборуваат за истите стари проблеми, со надеж дека по изборите ќе видат дека се работи на нив.

АНКЕТА

  • „Овде најпрво хигиената да се подобри, инфраструктурата, паркинг местата. И кој е најдобар да победи.
  • „Разочарани сте што уште се зборува за истите проблеми како и пред повеќе години?!
    Па да, премногу, затоа сите млади како вас еве си бегаат од оваа држава затоа што овде нема иднина.“
  • „Не очекувам ништо бидејќи секогаш е исто. Ако не се подобри образованието, културата, општата култура на сите граѓани – колку сакате избори нека има, џабе е!“.

Кандидатот на Вреди, Изет Меџити, ветува повеќе паркинзи и поефикасно управување со отпадот и уверува дека Чаир така ќе стане подобро место за живеење.

  • „Пораката е дека ќе работиме токму по тоа што граѓаните ги засега. Прво со паркинзите, ќе обезбедиме три илјади нови паркинг места. И второ, ќе работиме на хигиената, иако тоа е под ингеренции на Градот Скопје и Комунална хигиена, иако граѓаните ги плаќаат сметките за хигиена и други услуги кон јавните претпријатија, ние сакаме да излеземе во пресрет на сите улици без разлика дали се главни“, изјави Изет Меџити, кандидат за градоначалник на Општина Чаир од Вреди.

Кандидатот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, со план – транспарентно да се води евиденција за секој денар потрошен од касата на општината.

  • „Јавно отворање на сите тендери. Секое отворање на понуди за јавни набавки ќе биде јавно, со пренос во живо и со снимка на интернет. Доста беше со затворени врати и договори во четири очи. Чаир ќе биде првата општина каде граѓаните ќе ја гледаат секоја фаза на тендерите – онака како што е дозволено со закон. Второ, независен мониторинг. За првпат целиот процес на избор на најповолен понудувач ќе биде под надзор на експерти и невладини организации“, рече Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Општина Чаир од ДУИ.

Во оваа скопска општина се очекува неизвесна изборна трка, а „копјата ќе ги судрат” само двајцата кандидати на главните опоненти од албанскиот блок партии.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе