Вести Македонија

Професор на високата медицинска школа во Битола дознал дека е пензиониран кога дошол на работа

Универзитетскиот професор Томе Наумов, од Високата медицинска школа во Битола, вчера не успеал да го одржи закажаниот испит. Кога стигнал во својот кабинет му било соопштено дека веќе не работи во оваа установа. Професорот Наумов вели дека  бил затечен затоа што на 12 април навршил 64 години, но    поптипшал изјава дека ќе продолжи да работи до 67.

Се затекнав во една непристојна ситуација во текот на вчерашниот ден кога држев испит, ми беше соопштено пред студентите дека сум одјавен од Агенцијата за вработувањ. Бев вчудовиден, вели проф. Др Томе Наумов.

Директорката на  Високата медицинска школа Домника Рајчановска пак се повикува  на членот од Законото за работни односи според кој, Наумов требало да ја достави изјвата до крајот на ланскиот август, а Наумов ја доставил неодамна.  Вели дека сите одлуки што ги донела се засновани на одредбите на Законите за работни односи и  за високо образование.

„Точно е дека професорот достави изјава за продолжување на работниот стажа, но веројатно од само нему познати причини, истата е  доставена непосредно пред тој да наврши 64 годишна возраст, со што е прекршен челнот 104 став 3 од Законот за работни односи. Тоа значи дека секое мое поинааво постапување би било спротивно на законот. вели проф др. Домника Рајчановска, директор на Високата медицинска школа во Битола.

Но, професот Наумов пак тврди дека не е испочитуван Законот за високо образовние, според кој тој треба да ја заврши академската година, дури и да го исполнил условот за пензија.

-Пофесорот  кој што ќе  наполни 64 години има право да продолжи до  67, доколку наплни и 67 а ја има започнато академската година тој останува до завршување на академската година на 30 септември, вели Наумов.

Поради ваквата ситуација професорот Томе Наумов, најавува тужба и кривична пријава за директорката на Високата медицинска школа.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

План за помали трошоци, поголема ефикасност и забрзана примена на АИ – „Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места

Sasko Dimovski

Над 1.700 загинати во земјотресите во Венецуела – бројот на жртви и натаму расте

Sasko Dimovski

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе