Од четврток пристигнува есенски студен бран кој ќе донесе облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападниот дел од земјата ќе има услови и за снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, проследен со значителен пад на дневните температури, информираaт од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во среда времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветaр, а попладне и во текот на ноќта се очекува локален дожд.
Четврток ќе донесе облачно и свежо време со врнежи од дожд, кои на северозападните планини повремено ќе преминуваат во снег. Северниот ветaр ќе се засилува, а температурите ќе се движат од 4 до 11 °C минимални и од 5 до 13 °C максимални.
Во петок ќе продолжи свежото и облачно време со врнежи од дожд, а на високите северозападни планини и со услови за снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринските температури ќе се спуштат меѓу 0 и 6 °C, додека дневните ќе достигнат 6 до 12 °C.
