Текстилната индустрија во криза, но дали државата има стратегија за спас на оваа гранка или излезот се гледа во други дејности?
Случувањата во Европа и светот, последниците од тарифите многу други фактори влијаат врз падот во текстилната индустрија. Но, Ирена Јакимовска сопственичка на „Комфи Ангел” вели дека оваа гранка има иднина и во Македонија, но потребна е национална стратегија за спас на текстилната индустрија. Државата треба да се фокусира и на инстант и на долгорочни решенија за да опстои гранката, посочува Јакимовска.
Бројот на вработени во текстилната индустрија во изминатата деценија е преполовен. Компаниите малку вложуваат во модернизација, а странските партнери користата евтина работна сила, вели Кристина Ампева од Гласен текстилец во изјава за „Бизнис објектив”.
Има ли иднина за текстилната индустрија во Македонија? – Паѓа бројот на вработени и на извоз?
Како државата може да помогне, гледајте во „Бизнис објектив“ во недела 20 часот со Наташа Стојановска на Телма.
