Петмина ученици кои на големиот одмор јаделе седнвичи во сендвичара-киоск во близина на нивното средното училиште завршија во штипското Инфективно одделение. Мајката на еден од учениците, која сака да остане анонимна вели дека нејзиното дете првите симптоми ги добило неколку часа по консумирањето на храната и се сомнева во квалитетот на месото или компирите.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство денеска преку соопштение информираат по добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип дека пет лица се здобиле со симптоми на труење, извршиле инспекциски надзор во сендвичарата, земени се примероци од инкриминиранта храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површини. Мајката на едно од децата кое завршило во болница апелира надлежните да вршат чести контроли на местата каде се чува храната и на самите угостителски објекти каде се послужува.
По наредба на инспекциските служби на АХВ сендвичарата е времено затворена со до добивање на резултатите од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност.
Викторија Јованова
