Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против 28-годишниот Р.А. од Скопје, осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при претрес извршен на 4 јуни во Казнено-поправната установа „Затвор – Идризово“, затворската полиција кај пријавениот пронашла и одзела марихуана.
Пронајдената дрога е доставена на вештачење, а Р.А. ќе се соочи со нова кривична одговорност, иако веќе издржува затворска казна.
Случајот е предаден на надлежното обвинителство за понатамошна постапка.
