Сендвичара во Штип времено затворена откако претходно 5 лица појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека добиле пријавала од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, по што инспекциските служби, вчера спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна. Биле земени примероци за лабораториско тестирање од инкриминираната храна и брисеви од работните површини, а сендвичарницата по наредба на инспекциските служби на АХВ е времено затворена се до добивање на резулати од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност.
Можно труење со храна во Штип времено затвори сендвичарница
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
