Локални избори 2025

Лабудовиќ: Центар мора да се врати на граѓаните – време е за ред, развој и достоинство

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, пред полна сала на конвенцијата на партијата ја претстави својата визија за темелна трансформација на општината.

Тој ја опиша кандидатурата како личен завет кон местото каде што е роден и израснат, нагласувајќи дека „во Центар владее хаос – урбанистички, сообраќаен, комунален и еколошки“, и дека е време тоа конечно да се промени.

Во своето обраќање, Лабудовиќ вети целосна обнова на маалата, со конкретни чекори за враќање на духот на заедништво, ред и зеленило. Најави системски и одржливи решенија за проблемите на жителите, почнувајќи од подобрување на инфраструктурата, уредување на јавните простори и отворање на општината кон граѓаните.

„Центарци ќе бидат мојот најважен тим, мојот главен играч“, порача Лабудовиќ, додавајќи дека влегол во политиката со искрени и чесни намери. Според него, вистинските промени се можни само преку партнерство со граѓаните и со јасна визија за развој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ победи во Маврово-Ростуше, НАИ во Врапчиште и кандидатот на ДПТМ во Центар Жупа

Дејан Дејан

Ваљбон Лимани, кандидат на НАИ нов градоначалник на Гостивар

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста на гласањето во четирите општини до 18.30 изнесува 28,07 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе