Осумдесет и тригодишен маж го загуби животот откако утрово беше прегазен од патничко возило „Ауди А6“ со скопски таблички на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче.
Возачот е 30-годишник од Скопје.
Повредениот пешак бил веднаш пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна им подлегнал на тешките повреди.
Смртта ја констатирал лекар од Ургентниот центар.
На местото на несреќата извршен е увид од страна на јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.
Возачот е лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
