На училиштата им рековме да нарачаат учебници, но тие не нарачале, сега казната е што сега тие треба да им ги отпечатат учебниците и да им ги дадат на родителите. Оние родители кои се заинтересирани, па сами тоа го прават, еве ќе речам да издавачките куќи имаат право со 10% од учебниците да ги пуштат во слободна продажба по истата цена утврдена со закон по која што ги откупил МОН, рече во вечерашната емисија Вин Вин, министерката за образование Весна Јаневска.
Според неа ние имаме проблем во целото општество па и во образовниот систем со одговорно однесување. Има тука некакви политички замки има и замки од локален карактер.
- „Едно истражување кое наскоро треба да го објавиме – Зошто децата имаат само петки?, на пола од истражувањето ми велат затоа што сите се познаваат едни со други, затоа што тоа е услуга на комшијата, роднината. Прашувам дали таму има корупција- нема, замислете, тоа се прави како позитивен акт кон другиот“, рече Јаневска.
