Вести Култура

„Книжевни проекции 2025 – година на значајни јубилеи“

Меѓународната научна конференција „Книжевни проекции 2025 – година на значајни јубилеи“ е дел од разновидни активности со кои Институтот за македонска литература се вклучува во чествувањето на јубилејот 80 години стандарден македонски јазик, притоа секогаш во спрега со милениумскиот континуитет на развојот на македонската писменост и книжевност. Станува збор за писатели родени во четвртата деценија на 20-от век и нивните дела кои пред нас го поставуваат предизвикот на едно препрочитување на нивното значење и улога. Меѓу нив се Георги Сталев Поповски, Димитар Солев, Ката Мисиркова-Руменова, Бистрица Миркуловска, Симон Дракул, Живко Чинго.

„Станува збор за автори и авторки, поети и поетеси, драмски автори раскажувачи и раскажувачки кои што со нивното творештво, заучуваат или учат на доминантно стандардниот македонски јазик, а потоа со нивното творештво наврапито ја расплисеруваат палетата на книжевни мотиви во развојот на македонската книжевност“, изјава проф. д-р Наташа Аврамовска, директорка на Институт за македонска литература при УКИМ.

„Во основата, темелите на македонската романсиерска реч, поконкретно, но и во темелите на македонската книжевност воопшто има автори чие книжевно искуство претставува база за македонската книжевност, романескна реч за врз тие основи да се градат раскошни книжевни светови важни за колективната македонска идентификација и македонскиот културен идентитет“,изјава проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, Институт за македонска литература при УКИМ.

„Ако ги гледаме бројките, македонската книжевност е мала книжевност, но истовремено и голема ако ја гледаме низ призмата на создадените книжевни ремек дела“, изјава Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меѓународната агенција за атомска енергија на вонредна седница по нападот врз нуклеарната централа барака во Обединетите Арапски Емирати

Tea Dimkovska

„Мислев дека ќе го изгубиме“: Први снимки откако во пожар гореше најголемиот носач на авиони

Kristina Kuzmanovski

Експертска група подготвува мерки за обнова на моликата на Пелистер

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе