Платформата „Здравје пред профит“, граѓанската организација од Општина Центар ја продолжува кампањата против градењето згради на плацот кај „Холидеј Ин“ со билборди низ градот барајќи зголемување на квалитетот на живот, согласно стандардите на урбано живеење.













