Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 л/м²), проследени со појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 18°C, а максимумот од 17 до 24°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
7 Берово, 9 Попова Шапка, 10 Лазарополе, 12 Струмица, Маврови Анови, Куманово, Крива Паланка, Битола, 14 Скопје – Петровец, Охрид, Прилеп, Штип, Гевгелија, 15 Тетово, Крушево, 16 Велес, Виница, Кавадарци, Демир Капија, 17 Скопје – Зајчев Рид.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
3 Маврови Анови, Лазарополе, 2 Пожаране, 1 Охрид.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 19.5, Преспанско Езеро 18.5, Дојранско Езеро 22.4.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
