Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ја извести Постoјаната мисија на САД при Светската организација дека е наредена детална истрага по барање на Вашингтон за наводните инциденти што се случиле за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во Генералното собрание на ОН.
Портпаролот на генералниот секретар, Стефан Дуџарик, изјави дека Обединетите нации се подготвени целосно и транспарентно да соработуваат со надлежните американски власти.
Трамп, кој се обрати на генералната дебата на 23 септември во Њујорк, еден ден подоцна побара итна истрага во врска со, како што ги нарече, „тројни саботажи“ – инциденти поврзани со ескалатор, телепромптер и озвучување. „Ова не беше случајност, ова беше тројна саботажа во ОН. Треба да се срамат. Испраќам примерок од ова писмо до генералниот секретар и барам итна истрага“, напиша тој во објава на неговата мрежа Трут Соушл (Truth Social).
