По неколку одлагања, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска треба да ја објави драфт-верзијата за резолуцијата за црвените линии на земјава во однос на преговорите со Европската Унија. Јавноста веќе еден месец е во очекување Филипче да ги објави црвените линии што ги најави кон крајот на август, но по првичната негова најава за објавување на овој документ, од СДСМ појаснија дека земјава е во предизборен период и дека може да биде злоупотребена резолуцијата, па затоа ја подготвуваат во широка консултација со експерти и со партнери и дека немаат намера да брзаат.
Филипче најави дека в четврток ќе биде објавена драфт-верзијата на резолуцијата
