Синоќа околу 23 часот избi пожар меѓу зградите кај скопското „Зелено пазарче“, откако, според првични информации, се запалил паркиран хибриден автомобил.На пожарот му претходела силна експлозија, која ја слушнале жителите во околните згради. Огнот оштетил уште едно возило и зафатил дел од покривот на маркет во близина на пазарот… Интервенираа противпожарни екипи кои го локализираа пожарот околу полноќ, а на терен беа присутни и полициски единици кои го обезбедуваа местото на настанот.За среќа, во пожарот нема повредени лица. Причините за избувнувањето на огнот засега не се познати, а официјални информации се очекуваат во текот на денот.
Нема повредени во пожарот кај „Зелено Пазарче“
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
