Полициската истрага го расчисти случајот со турскиот државјанин кој со тешки повреди бил донесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и починал неколку минути подоцна. Станува збор за 61-годишен маж од Турција кој, според обдукцијата и службените разговори, паднал од висина додека работел на градилиште во населбата Стопански двор. Настанот се случил пред два дена околу 16:40 часот, кога повредениот бил донесен со приватно возило, по што возачот заминал од местото и не се вратил.Според СВР Скопје, се работи за возило од марката „Хонда Сивик“… Полицијата продолжува со истрагата за да го идентификува возачот и да утврди дали имало пропусти во безбедносните мерки на градилиштето.
